Царинската управа на РМ одзеде акцизна дозвола на една позната винарска визба. Oваа визба повеќе од 6 месеци редовно не ги исполнувала даночните обврски. Винаријата не извршила плаќање на пресметана акциза во износ од околу 40 милиони денари утврден со три управни решенија на Царинската управа. Посочениот долг за овој имател на акцизна дозвола настанал бидејќи од акцизниот склад во повеќе наврати пуштал во слободно правен акцизен промет акцизни добра без притоа да ја плати пропишаната акциза. Истовремено винаријата треба да ги затвори акцизните складови на 15.11.2012 година до кој датум е должна да ја расчисти состојбата со акцизните добра кои се наоѓаат во акцизните складови, а согласно одредбите на член 10 од Законот за акцизи.
Царинската управа на РМ одзеде акцизна дозвола на една позната винарска визба. Како што велат од Царината, оваа визба повеќе од 6 месеци редовно не ги исполнувала даночните обврски.
- Винаријата не извршила плаќање на пресметана акциза во износ од околу 40 милиони денари утврден со три управни решенија на Царинската управа. Посочениот долг за овој имател на акцизна дозвола настанал бидејќи од акцизниот склад во повеќе наврати пуштал во слободно правен акцизен промет акцизни добра без притоа да ја плати пропишаната акциза - велат од Царината.
Истовремено винаријата треба да ги затвори акцизните складови на 15.11.2012 година до кој датум е должна да ја расчисти состојбата со акцизните добра кои се наоѓаат во акцизните складови, а согласно одредбите на член 10 од Законот за акцизи.